Јоханис: Можно е „многу брзо“ да се формира проевропска коалициска влада на Романија

од Vladimir Zorba
31 прегледи

По консултациите со парламентарните партии, романскиот претседател Клаус Јоханис синоќа изјави дека е можно „многу брзо“ да се формира проевропска коалициска влада.

„Проевропската коалиција составена од Социјалдемократската партија, Национал-либералната партија, Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија и малцинствата се собраа со сите лидери и ме информираа дека преговорите за изнаоѓање солидна формула за формирање влада се блиску до финализирање“, изјави Јоханис, а пренесе денеска Ажерпрес.

Шефот на романската држава во неделата одржа консултации со парламентарните партии во врска со именувањето на премиерот.

Слични содржини