Два пожари на отворено во последното деноноќие

од Nikola Popovski
5 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие се регистрирани 2 271 повик, од кои „реални“ биле 55 отсто, а 45 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од „реалните“ повици, кон Полиција биле упатени 66,33 отсто , кон Итната медицинска помош 25,33, додека кон пожарникарите 1,67 отсто.

-Имало и 952 повика за итни случаи што е вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.

Според ЦУК, пожари на отворен простор имало само два во последното деноноќие.

-Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Радовиш, од 14.30 до 15.20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу еден декар во с.Калуѓерица и од Регионалниот ЦУК Тетово, информираат дека ТППЕ Гостивар имала една интервенција поради запалена бандера и просторот околу неа, во населбата „Питарница“, информира Центарот за управување со кризи.

Слични содржини