Косовец се обидел да поткупи граничар на „Блаце“ со 5 евра

од Nikola Popovski
23 прегледи

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, на излез од државава, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В.Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.

Лицето било предадено во Полициската станица „Мирковци“ за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини