Мбапе искрен: „Го допрев дното…“

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Реал Мадрид ја победи Севиља со 4:2 во 18. коло од шпанската лига на „Сантијаго Бернабеу“. Килијан Мбапе постигна гол и асистенција, а по натпреварот искрено зборуваше за проблемите во кои се најде кога дојде во Реал.

„Во првото полувреме дадовме се од себе. Дадовме голови во вистински момент. Секогаш играме напаѓачки, бевме ефикасни и верувам дека навивачите на Реал Мадрид се задоволни“, изјави Килијан Мбапе по победата, а потоа призна:

„Можам и морам да направам многу повеќе. Знам дека имам повеќе во моите нозе, играв подобро на последните натпревари. Мечот со Билбао беше добар за мене, го допрев дното, го промашив пеналот и време беше да сфатам дека морам да дадам максимум за овој дрес и дека морам да играм со карактер“.

Килијан Мбапе на 24 одиграни натпревари постигна 14 гола и даде четири асистенции.

Слични содржини