11
Рома на домашен терен ја победи Парма со 5:0, а Дибала ја предводеше „волчицата“ до убедлива победа. Аргентинецот постигна два гола и запиша една асистенција, а по својата најдобра партија во дресот на Рома оваа сезона, доби пофалби од тренерот Клаудио Раниери.
Договорот на Дибала со Рома истекува на 30 јуни, па тој веќе следниот месец може слободно да преговара со друг клуб околу евентуален ангажман.
„Треба да ја разбереме работата што ја вршат агентите. Тие патуваат низ светот и промовираат играчи. Ништо не доаѓа од нас. Знам колку Дибала би сакал да остане. Тој е среќен со нас и ние сме среќни со него“, изјави Раниери.