Вашингтон ги повика Американците да ја напуштат Белорусија

од Nikola Popovski
54 прегледи

Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да ја напуштат Белорусија. На веб-страницата на министерството се наведува дека граѓаните на САД треба да се воздржат од патување во републиката, а оние кои се веќе таму „треба веднаш да ја напуштат земјата“.

Меѓу наведените причини се поддршката на Белорусија за рускиот напад врз Украина, ризикот тие да завршат во затвор, можноста за граѓански немири и ограничената можност на амбасадата да им пружи помош на американските граѓани.

„Граѓаните на САД треба редовно да ги прегледуваат потенцијалните планови за итно заминување. Граничните премини со соседните земји понекогаш се затвораат без претходна најава.

Можно е дополнително затворање на граничните премини на границите на Белорусија со Литванија, Полска, Латвија и Украина“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Работата на американската амбасада во Минск беше прекината на 28 февруари 2022 година. По наредба на Стејт департментот, неговите вработени се евакуирани и суспендирано е давањето услуги, вклучително и итните служби. Граѓаните на САД на кои им е потребна помош се охрабруваат да контактираат со американските амбасади и конзулатите во соседните земји.

Слични содржини