Досега нема официјална потврда до МВР за сите оние бегалци од правдата. Засега и формално, би кажал дека е недостапен за органите на прогонот. Би сакал да се одважи во иднина и како што кажа дека е чист како солза, да пристигне во Македонија. МВР има капацитет да ја гарантира неговата сигурност. Сите органи кои се надлежни за ваков тип на постапка ќе си постапат, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за бегството и сегашната локација на екс-вицепремиерот Артан Груби.
Тошковски во емисијата „Топ тема“ посочи дека граничниот полицаец на ГП „Блаце“ направил кардинална грешка и не известил јавен обвинител дека Груби кој е на „стоп-листа“ има намера да ја напушти Македонија. Полицаецот има право да го задржи.
-Откако ќе бил известен јавен обвинител, тој ќе дал напаствие за понатамошно постапување. Дали станува збор за организација од страна на повеќе лица која му овозможила на предметното лице да ја напушти Македонија, дали истото е инволвирано во рамки на незакони дејствија во однос на тоа – ќе оставиме на ЈО да ја затвори истрагата. Обезбедени се телефонски апарати, па да видиме што ќе утврди обвинител. Најмалку што сторил полицискиот службеник е несовесно работење во служба, рече министерот.