Тоа што му се случи на Груби е доказ за тезата на (Хенри) Кисинџер дека „да бидеш непријател на Американците е ризично, а да бидеш пријател е фатално“. Го употребија како корисен идиот до моментот додека има требаше. Тој беше гаен уште од тепачката на Кале кога се спречуваше црквата. Веројатно кога секогаш ќе решат да те пуштат низ вода, ти си корумпираниот. Не дека не е корумпиран, но, како до вчера не сметаа дека е корумпиран кога го пазареше „Бехтел и Енка“ и провизиите, а сега одеднаш им пречи, изјави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев во емисијата „Аргумент плус“ за политичката ситуација во земјава и обвиненијата против екс-вицепремиерот.
Апасиев смета дека Груби бил „шашардисан кога сфатил дека е пуштен низ вода“.
-Мислам дека првично можеби немал намера да бега, но, кога сфатил дека може да заврши како Миле Јанакиески и Спиро Ристовски што ги тепаа во „Шутка“, си вика подобро ми е Албанија. Ова е доказ за тезата дека функционерите не треба да имаат двојно државјанство. Артан си избега за да не биде со судиите кои што си земале „алаш-вериш“ за да мести спорови, додаде претседателот на Левица.