Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти дека авион со повеќе од 70 патници се урнал во близина на градот Актау. Навеле како се запалил и како во тек е гаснење.
Се објавуваат информации и податоци за жртвите. Исто така има и непотврдени информации и за шест преживеани патници.
Службите за итни случаи известиле дека паднатиот авион е на државната азербејџанска авиокомпанија „Azerbaijan Airlines“. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни.
UPDATE: A passenger plane carrying 72 people has crashed in Kazakhstan, the country’s emergencies ministry saidhttps://t.co/iakWi3fXJn
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/MvZPEWXjWm
— Sky News (@SkyNews) December 25, 2024
„52 припадници и 11 единици опрема од Министерството за вонредни ситуации на Казахстан пристигнаа во Актау на местото на авионската несреќа. По пристигнувањето било утврдено дека авионот гори“, известиле од тамошното Министерство за вонредни состојби.
На социјалните мрежи се шири видео од авионската несреќа.
View this post on Instagram