Филипче за католички Божиќ: Да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други

од Nikola Popovski
14 прегледи

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.

„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитиката на Филипче.

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.

Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов на проповедта на литургијата упати честитка до граѓаните со католичка вероисповед.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до верниците кои го празнуваат Божик по Грегоријанскиот календар.

-Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Нè потсетува на безусловната љубов, дарувањето и заедништвото и ни дава духовна сила и спокој. Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, да не заборавиме на нашиот заеднички дом – татковината. Да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани, се вели во честитката од претседателката Сиљановска Давкова.

Слични содржини