Трипуновски за мерката „Здрава ужинка за секој ученик“: Децата ги фрлаа јаболките, сомнителен беше квалитетот на производите

од Nikola Popovski
59 прегледи

Мерката и акцијата на претходната Влада беше добро смислена, но тотално погрешно спроведена. Бевме сведоци каде што низ училиштата, децата ги фрлаа јаболките и крајно беше сомнителен квалитетот на производите, изјави денеска министерот за земјоделство и шумарство, Цветан Трипуновски за програмата на поранешната власт за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје.

Според Трипуновски, за наредната година се размислува сериозна модификација на мерката. Министерот тврди дека поентата е секој ден ученик и дете во градинките да добие здрав, квалитетен и органски производ.

-За да не се фрлаат пари без потреба. Изминатата година, над 40 милиони денари чинеше таа мерка, а ефектот беше многу мал, речиси никаков, кажа Трипуновски на прес-конференција во Владата.

Од претходната Владата соопштуваа дека проектот „Здрава ужинка за секој ученик“ ќе овозможи околу 186 000 ученици во 350 училишта за ужина да добиваат домашни и македонски јаболка.

– Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ова ги помагаме производителите на јаболка, но обезбедуваме и свежа и здрава ужина за нашите деца. Македонски, домашни јаболка за нашите деца, рече во 2022 година, тогашниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Слични содржини