Валенсија има нов тренер: Пристигнува од Англија и мора да обезбеди опстанок во Ла Лига

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Карлос Корберан е новиот тренер на Валенсија, со која потпиша договор на две ипол години, објави во средата шпанскиот прволигаш, моментно претпоследна во поредокот.

„Карлос Корберан ќе биде нов тренер на Валенсија до 2027 година“, се вели во соопштението на Валенсија во вторникот.

Корберан го замени Рубен Бараја, кој беше отпуштен од Валенсија, тим кој е претпоследен со 12 бода со само две победи од 17 натпревари.

Корберан помина три години во Лидс Јунајтед како нивни менаџер под 23 години и беше член на стручниот штаб на Марсело Биелса, пред да стане менаџер на Хадерсфилд Таун во 2020 година. 41-годишниот Корберан, кој оттогаш беше тренер на Олимпијакос и Вест Бромвич Албион, претходно играше и за младинците на Валенсија.

Валенсија, која има натпревар помалку, следниот натпревар го игра со второпласираниот Реал Мадрид на домашен терен на 3 јануари. Тој натпревар беше одложен поради поплавите минатиот месец.

На Корберан веќе зимава му е ветено засилување, а прв треба да биде десниот бек на Спортинг од Лисабон, Иван Фреснеда, кој следната недела ќе пристигне на позајмица во тимот од Местаља.

Исто така, клубот ќе работи на заминување на неколку играчи за да ослободи простор за засилувања, а меѓу имињата кои се споменуваат во контекст на заминувањето се Серхи Канос, Рафа Мир, Максимилијан Кауфриз и Герман Валера, Андре Алмеиде (играчот побарал да замине бидејќи немал задоволителна минутажа кај Бараја) и Хуго Гијамон.

Слични содржини