Фенербахче купува фудбалер од Косово

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Турскиот фудбалски клуб Фенербахче е подготвен да плати 10 милиони евра за играчот на Мајорка, Ведат Муричи, објавија шпанските медиуми.

Напаѓачот на Фенербахче, Јусеф Ен Несири, дојде во турскиот клуб пред шест месеци, но може да замине во Саудиска Арабија, поради што Фенербахче ги следи играчите на пазарот.

За Ен Несири е заинтересиран Ал Наср, а Фенербахче не сака да губи време и е подготвен да плати 10 милиони евра за Муричи.

Муричи, кој во сезоната 2019/2020 настапуваше за Фенербахче, оваа сезона постигна само три гола, но е редовен во тимот на Мајорка.

Сепак, неговиот соиграч Кајл Ларин игра се подобро, на последните два натпревари постигна три гола, што може да ја олесни одлуката за продажба на Муричи за управата на Мајорка, пренесуваат шпанските медиуми.

Слични содржини