ВМРО-Народна предлага Македонија да се вклучи во европската лотарија „Еуро милионс“

од Nikola Popovski
108 прегледи

ВМРО-Народна партија предлага вклучување на Македонија во рамките на Европската лотарија и во веќе постоечките транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“ со можност за нејзино односно учество на нејзините државјани во игрите на среќа организирани од страна на Европската лотарија.

-Со ваквиот чекор ќе се овозможат повеќе видови на игри на среќа кои ќе овозможат пак да со исти уплати како и до сега граѓаните играат и за добивки од 80.000.000 евра но и надворешна европска контрола која ќе превенира во однос на некакви малверзации во поглед на организирањето и реализирањето игри на среќа, велат од ВМРО-НП.

По воспоставувањето на ваквиот систем, партијата на Љубчо Георгиевски предлага и укинување на институцијата „Државна лотарија“ од проста причина што, како што велат, покрај сите досегашни нерегуларности во која била вклучена и самата институција се нанесува и непотребна финансиска штета која во голема мера влијае на финансиското работење на државата.

-Воедно ВМРО-Народна партија дополнително предлага и укинување на институцијата „Фонд за иновации“ затоа што само во последниот период од 10 години токму таа институција бележи расфрлање на буџетските пари без конкретни резултати при реализација на финансирани „иновативни проекти“. Сведоци бевме на бизарни проектни предлози кои низ годините успеале да приберат огромна сума на буџетски финансиски средства без финален производ за кој биле и финансирани, тврдат од партијата.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Од Кривичниот суд информираат дека одземени им се патните исправи и наложено е и редовно јавување на службено лице, а доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица.

Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, дополнуваат од Кривичен.

Мерките произлегуваат по истрагата на Обвинителството против две лица за проневера и четири лица за злоупотреба на службена положба. Доказите покажуваат дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во Државна лотарија, нанеле штета од 501.319.119 денари на друштвото преку незаконски набавки на видеолотариски терминали.

Слични содржини