Изградба на европска држава со демократски систем ќе биде мојата главна цел. Почитување на европското и меѓународното право ќе биде моето политичко оружје, изјави меѓу другото, македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот пред пратениците.
Таа посочи дека надворешната дипломатија ја водела на добра волја заснована со аргументи. Се фокусираше на европската интеграција, на АРМ, но и на домашната политика.
-Време е ЕУ да се врати на политиката од 2004 година за реинтеграција на земјите од Западен Балкан. Тоа ќе ги мотивира сите земји да оебзбедат мир и повеќе да нема редифинирање на границите од Западен Балкан, истакна Сиљановска Давкова.
Додаде дека има заедничка политика со премиерот Христијан Мицкоски и министерот Тимчо Муцунски. Вели дека секогаш стои на националните интереси.
-Цврсто верувам дека патот кон Брисел може да се изоди полесно и побрзо, ако сите ние функционираме како добро сихронизиран извежбан и искусен оркестар, на чиј што репертоар редновно ќе биде симфонијата „владеење на правото“ со која треба дса настапиме на финалниот концерт во Брисел. На членовите на оркестарот, но и на публиката им е потребна заслужена стандардна валоризација на стореното од страна на европските евалуатори, кажа претседателката.
Сиљановска Давкова смета дека после 20 години дека има придвижување кон европската перспектива со Планот за раст. Според неа, единствено можно решение за нашиот евроинтегративен пат е она за уставни амандмани со одложено дејство. Оценува дека амандманот би стапил во сила по завршувањето на нашите преговори и верификацијата на договорот за нашето членство во ЕУ.
-Ова би било „вин“ решение за Бугарија која би го остварила своето барање подоцна, а во меѓувреме би ни помогнала во ЕУ интеграциите во духот на Преамбулата на Договорот за добрососедство, свесна дека колку побрзо завршат нашите преговори, толку побрзо таа ќе дојде до целта, заклучи шефицата на државата во своето обраќање од собраниската говорница.