Парис Хилтон ги изненади обожавателите со секси божиќната честитка која ја објави на Инстаграм. Таа сподели видео на кое позира пред новогодишна елка гола и завиткана во црвена лента со голема машна.
„Моето присуство е подарок“, напишала кратко таа со видеото кое предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Додека некои го пофалија нејзиниот потег, други и пишаа дека видеото е сосема несоодветно за Божиќ.
Да потсетиме, 43-годишната Парис и нејзиниот сопруг Картер Реума добија син со помош на сурогат мајка во јануари 2023 година, а на крајот на ноември минатата година ја добија и ќерката Лондон.
Парис и Картер се венчаа во ноември 2021 година. Тие беа пријатели 15 години пред да започнат врска во 2019 година, а само три месеци подоцна се верија.