Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер за култура” и да не го потпише указот за двојазични лиценци

од Nikola Popovski
196 прегледи

Морам да напоменам дека обраќањето не беше инспиративно, беше ординерно и протоколарно и ни даде само флоскули, наместо тоа што навистина јавноста сакаше да го чуе после овој трансфер на власта и турбулентно политичко време, изјави пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, по денешното новогодишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Како што вели, шефицата на државата е потполно втурната во сенка на извршната власт и сега е сведена во функција на Министерството за култура во сенката на премиерот Христијан Мицкоски.

-Оттука ја повикуваме претседателката да не го потпише срамниот указ за двојазични лиценци за градинки, кој вчера го донесе нематична комисија со кршење на Деловникот. Ја повикуваме ова да биде прв тест за нејзината државна улога и државнички капацитет, затоа што, да потсетиме, дека таа како пратеник беше еден од најгласните пратеници против илегалната двојазичност, истакна Мециновиќ.

Според него, во говорот на Сиљановска Давкова имало многу несигурност за државните интереси на Република Македонија.

-Видовме само колонизаторски менталитет – како Македонија е мала, немоќна, како треба да биде исправена пред задачите кои доаѓаат од надвор, без да се покаже кичма и вистинско бранење на интересите на граѓаните, додаде пратеникот на Левица.

Слични содржини