УЈП казни и затвори дуќани на „Пластичарска“, рече Димитриеска Кочоска

од Nikola Popovski
181 прегледи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска синоќа информира дека Управата за јавни приходи вршела контрола во дуќани и објекти на булеварот „Никола Карев“ или популарно позната како „Пластичарска“ улица и на Бит Пазар.

Според неа, казнети се компании и затворени се повеќе дуќани.

-Нашата цел е да направиме фер услови за секоја една компанија. Тоа значи дека оние компании кои се чесни и си плаќаат и немаат проблем со законот, продолжуваат да работат. Фокусот ни е на оние кои што злоупотребуваат. Контролата почнува уште од царинската управа. имаме ситуација каде на царината с еплаќале давачки за одредени увози од Турција по смешни цени бидејќи така некој ценел во Царината. Каде оделе тие пари претходно, рече министерката во емисијата „Бизнис 21“.

За мерката „Недела неработен ден“, според неа, доколку една компанија сака да работи, може да работи, но, со поголеми дневници.

Слични содржини