Еве зошто сите ја сакаат Кејт Мидлтон: Ги насмеа насобраните во Сандрингем

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Кејт Мидлтон вчера се ракуваше со луѓето собрани во Сандрингем, а социјалните мрежи се преполни со позитивни коментари за нејзиниот вчерашен изглед.

Кејт Мидлтон ја нарекуваат омилен член на кралското семејство, а доказ за тоа се и анкетите. Мидлтон веќе полека се подготвува за улогата на кралица, а нејзиното појавување во Сандрингем на Божиќ предизвика општ ентузијазам кај собраните добронамерници.

Покрај тоа што го прекрши протоколот со емотивен гест, Мидлтон ја насмеа и толпата покажувајќи ја својата непосредност и опуштеност пред народот.

Како и обично, принцезата од Велс им се придружи на остатокот од кралското семејство во прошетката од црквата до кралската резиденција, каде што разговараше со насобраната толпа која на семејството му подари цвеќе, а на децата чоколади, што особено го воодушеви малиот Луис.

Разговорот со насобраните беше особено долг за идната кралица, која сите сакаа да ја поздрават оваа година и да и посакаат брзо закрепнување. Тројцата млади членови на кралското семејство застанаа до нивниот татко Вилијам додека ја чекаа таа да заврши со зборувањето. Кога принцезата сфатила дека нејзините деца и сопругот Вилијам престанале да се дружат, се пошегувала: „Изгледа дека го изгубив семејството“.

Мидлтон го прослави Божиќ педантно облечена во зелено, кое имаше посебно значење, а нејзиното палто го дизајнираше Сара Бартон за Александар Меквин, додека зелениот шешир беше дело на Џина Фостер. Аутфитот го комплетираше со тартан шал, прекрасни обетки, црни чизми на потпетици и црна чанта.

Слични содржини