Спортинг официјално го смени Жоао Переира: Замената на Аморим издржа 40 дена

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Жоао Переира и официјално е поранешен тренер на Спортинг Лисабон. Тој издржа 40 дена на кормилото на „лавовите“ и во овој период успеа да уништи се што создаде Рубен Аморим до 10 ноември. Според „Рекорд“, нов тренер ќе биде Руи Борхес, досегашниот прв човек на Гимараеш, а се чека и официјална потврда од клубот.

Двата порази во Лигата на шампионите (Арсенал, Бриж), заедно со двата загубени натпревари (Санта Клара, Мореиренсе) и едно реми (Жил Висенте) го донесоа Спортинг на втората позиција зад Бенфика, иако Аморим го остави со максимален учинок по 12 кола. Жоао Переира кој го предводеше Б тимот на клубот не се снајде со А тимот, истите играчи делуваа изгубено на теренот, поразите продолжија, а на лошата игра и немаше крај.

Според „Рекорд“, Руи Борхес денеска ќе го води тренингот и ќе се обиде да го „среди“ тимот пред дербито со Бенфика кое се игра на 29 декември. Борхес има 43 години, по Мореиренсе кој го водеше минатата сезона, од 1 јули, застана на чело на Гимараеш кој е шести на табелата.

Интересно е што тој ќе седне на клупата против својот поранешен клуб веќе на 3 јануари на гостувањето кај Спортинг во 17. коло.

Слични содржини