Мицкоски го „пецна“ Мисовски дека „Џафери му е идол“, пратеникот го праша дали подготвува терен за враќање на ДУИ

од Nikola Popovski
134 прегледи

Заклучив дека треба да дадам краток одговор. Господине Мисовски, чувствувајте се безбедно. Не треба да се грижите. Се надевам дека после овие години поминати во Парламентот, ќе имате богата трпеза во вашиот дом. Се надевам дека ќе уживате во нова просперитетна Македонија и се надевам дека нема да ви бидат идоли и да им се восхитувате на тие што сте ги кажале. Се надевам дека ќе ги повикате тие идоли и коалициски партнери да се вратат во Македонија. Се надевам дека оваа безбедна Македонија ќе можете да се почуствувате и вие горди, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од пратеникот Горан Мисовски дали е безбедна состојбата во земјава, дали власта се во договор со ДУИ и дали прават вештачко сценарио за нестабилност.

Во своето обраќање, Мицкоски „го пецна“ Мисовски, кажувајќи дека екс-претседателот на Собраниет, „Талат Џафери е негов идол“.

-На оваа Влада ѝ треба конструктивна опозиција. Па може на следните пратенички прашања, ќе имате конструктивно прашање, на што ќе добиете конструктивен одговор, рече премиерот.

Како контра-реплика, пратеникот од НСДП изјави дека „не му се лути за непримерните удари“.

-Не ми одговоривте дали подготвувате терен за да го вратите ДУИ. Веројатно ќе одговорите во некоја друга прилика, кажа Мисовски.

Во мај 2022 година, како тогашен потпретседател на Собрание, Мисовски изјави дека Џафери е еден од најдобрите претседатели што ги имало Собранието од независноста по снимката што беше објавена на која се слуша како Џафери навредува собраниски службеници.

Слични содржини