Битиќи до Кочоска: Криете трошоци за унгарскиот кредит, колку плативте за консултантни услуги?

од Nikola Popovski
65 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска , кое се однесува на унгарскиот кредит, кој беше вонинституционално договорен, изгласан без јавна дебата, и со отворени сомнежи за корозивни намери и коруптивни практики.

-Почитувана министерке, зошто целата сума беше повлечена одеднаш, ако не постои јасен план и институционална подготвеност за нивна реализација? Јавноста заслужува да знае дали, можеби, поради грешки во договорот за задолжувањето со првите 500 милиони евра моравте да потпише Анекс на договорот затоа што парите, поради пропустот, не можете да ги префрлите кон Развојната банка и општините. Ако ова не е точно, дали тогаш парите ги немате префрлено на Развојната банка поради неликвидност на буџетот, односно ги ускратувате на стопанството за да ги потрошите за тековни буџетски расходи?

Воедно, се кријат информации за трошоците на кредитот. Годинава, 1 милион евра беа пренаменети за „договорни услуги“, но за што точно се трошат овие средства, дали за банкарски провизии или за консултантски услуги, нема одговори.

Покрај провизијата од 0,5% за неповлечени средства, добиваме и скриени трошоци за правни услуги кои во суштина немаат никаква врска со македонските институции, затоа што ќе се плаќаат не само за „заштита“ на права на банката, туку и за спроведување на нејзини права од договорот за задолжување.

Едноставно е овде прашањето, на кое граѓаните треба да слушнат одговор – колку плативте на компанијата која ја избра Унгарската компанија и може ли да ни доставите доказ за тоа?

Дополнително, јавниот долг се очекува да надмине 70% од БДП. Ќе сублимирам, прашањето на кое сакам да добија одговор од вас министерке е кои се критериумите за стопанството, зошто се уште не ги објавувате и кога јавно ќе ги објавите, праша пратеникот.

Слични содржини