Сиљановска Давкова: Осудените за „27 април“ не побараа помилување, туку сакаат да ја истераат правдата

од Nikola Popovski
156 прегледи

Формализирањето на европеизацијата не носи ништо. Ако беа уставните измени гарант за европеизација, ние сега ќе претседававме со ЕУ. 36 амандмани за 30 години. Крајно време е да ги мериме потезите. Не мислам дека можеме, доколку посегнеме по реформи, многу ќе изгубиме. Навредливо е за пратениците да им наредите да го менуваат Уставот – од големо убедување ќе го сторат? Ако 80% од граѓаните имаат проблем со ваквиот начин на отворање на преговорите, морам да внимавам на легитимитетот. Јас морам да внимавам на нив, рече претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова за евроинтеграцискиот пат на Македонија.

Таа е децидна дека „Европјанин се станува со владеење на право, либерална економија, борба со корупција и криминал, а сега излегуват на виделина неверојатни нешта“. Според неа, односот на ЕУ кон нас ќе се смени ако опстоиме на реформите.

Сиљановска Давкова беше запрашана и за нови помилувања, особено дали на листата ќе бидат и осудените за настаните од „27 април“ и упадот во Собранието.

-Кога се кажува за „27 април“, мора едно да се знае дека мора да има барање од луѓето. Тие мора да побараат или некој нивен близок. Тие сакаат да ја истераат правдата. Прашавме, но никој нема побарано. За „27 април“ мислам дека Судот е сега на потег. Шест години некој да ве држи во затвор, без правен основ е страшно нешто. Таа селекција на организатори и учесници не беше правно заснована. Судот е на потег да го има последниот збор за луѓето кои што животот го поминуваат таму каде што не треба да бидат и каде се подложени на притисоци, додаде претседателката на државата во емисијата „Само интервју“.

Предлогот за наредните претседателски помилувања, веројатно ќе дојде веќе за Нова Година, ќе го изготвуваат пензионираната судијка од врховниот суд Милка Ристова, Доан Сулејмановски и универзитетските професори Оливер Бачановиќ, Александра Груевска-Дракулевски, Блерта Ахмеди, Драгана Батиќ и Ахмет Мамуди.

Претходната комисија, пред два месеци си поднесе колективна оставка откако на списокот за помилувања по повод празникот 23-ти октомври, се најдоа неколку спорни имиња, меѓу кои и член на нарко- картел.

Слични содржини