📷Украинците заробија севернокорејски војник кој се борел на руска страна

од Nikola Popovski
74 прегледи

Јужнокорејската разузнавачка агенција утринава објави дека украинските војници заробиле ранет севернокорејски војник, што е прво заробување на севернокорејски војник кој се борел на страната на Русија.

Во соопштението се наведува дека јужнокорејската разузнавачка агенција добила информации од разузнавачките агенции на „пријателските земји“ за фаќање на ранет севернокорејски војник, пренесе агенцијата „Јонхап“.

Украинскиот воен весник Милитарни во четвртокот објави дека украинските сили заробиле војник од Северна Кореја за време на операциите во руската област Курск, без да прецизира кога се случил инцидентот.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на која наводно се гледа ранет заробен севернокорејски војник. Не се знае степенот на повредите на војникот.

Зеленски: Повеќе од 3.000 се убиени

Јужнокорејските власти тврдат дека досега во Русија се испратени околу 11.000 севернокорејски војници и дека во тек се подготовки за натамошно распоредување на војници и воена опрема.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави претходно оваа недела дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници загинале во регионот Курск.

Слични содржини