Уапсен Јован Деспотовски – поранешниот директор на ТИРЗ

од Nikola Popovski
747 прегледи

Попладнево бил приведен екс-директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски за наводно сторен криминал додека бил на чело на функцијата, објави „Фокус“. Според информациите, Деспотовски е приведен откако со приватна компанија која изведувала работи во ТИРЗ Штип и Струмица, проневериле два милиони евра.

Деспотовски со лисици на рацете бил приведен од страна на Управата за Финансиска полиција. Се наведува дека ОЈО ГОКК за него ќе бара мерки на претпазливост: одземање на патната исправа и јавување во судот еднаш неделно.

Финансиската полиција ќе бара замрзнување и на имотот на приватната компанија.

Деспотовски беше директор на ТИРЗ од ноември 2020 до јули 2024 година. Претходно раководеше со Фондот за иновации и технолошки развој. Летово се кандидираше и за нов претседател на СДСМ, но не ја доби поддршката од членството на партијата.

Слични содржини