Неколку дена го дели Sandero од титулата најпродаван европски автомобил

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Пред да ги сумираме европските продажби за 2024 година во јануари, ќе ги разгледаме бројките за изминатите 11 месеци. Во овој период регистрирани се околу 100.000 нови автомобили повеќе од лани. Dacia Sandero е несомнен лидер на пазарот, пред VW Golf и Renault Clio.

Во последните три години европскиот владетел Golf ја нема поранешната сила со која може да ја задржи лидерската позиција во Европа. Golf-от е блиску до врвот, но клиентите ги променија своите навики.

Во 2022 година, Европејците најмногу му веруваа на Peugeot 208, минатата година за прв пат на електричен модел – Tesla Y, а оваа година тоа ќе биде скромниот Dacia Sandero.

За 11 месеци Романците продале повеќе од 245.000 Sandero на европскиот континент, што е за 14 отсто повеќе од лани во истиот период. Golf е втор со близу 199.000 продадени примероци, а Clio трет со 3.000 регистрирани единици помалку од германскиот крал. Golf забележа раст од 20, а Clio девет проценти за 11 месеци годинава во однос на истиот период лани.

Интересно е тоа што Dacia има два модели меѓу првите 10 во Европа. Имено, одличниот Duster се најде на оваа листа пред Kia Sportage.

Иако оваа година бележи 20 проценти помала продажба, Tesla Model Y со повеќе од 180.000 регистрирани модели е многу високо во севкупното рангирање. Тој е исто така убедливо најпродаваниот електричен автомобил во Европа.

Од кинеските брендови, вреди да се спомене дека MG е убедливо најпродаваниот бренд. За 11 месеци (225.000 регистрирани возила) испорачале само 5.000 автомобили помалку од цела минатата година. Очекувано, повеќе од една третина од продажбата е реализирана на сметка на достапниот SUV ZS.

Меѓу брендовите, Volkswagen е единствен со повеќе од еден милион продадени возила (1,25 милиони продадени возила) и благ раст од 1,3 отсто, Toyota е втора со 849.628 регистрации и многу поголем раст од 11,3 отсто, додека BMW е трет со продадени 707.527 примероци и раст од 7,8 отсто. Škoda цврсто ја држи четвртата позиција со нешто повеќе од 700.000 испорачани возила за 11 месеци, што претставува огромен раст од дури 12 проценти.

Во однос на погонските агрегати, хибридите се лидери трет месец по ред со удел од 33,2 отсто, пред бензинските модели со 29,7 отсто и електричните модели со 17,5 отсто пазарен удел.

Слични содржини