28
Бројот на загинати во несреќата на Боинг 737-800 на Jeju Air во Јужна Кореја се искачи на 151, објави Националната агенција за пожари, а според јужнокорејското Министерство за земја, инфраструктура и транспорт (MOLIT) е пронајдена и црната кутија од авионот, објави Ројтерс.
Во авионот на линијата од Бангкок до Муан имало вкупно 181 лице, меѓу кои и шест членови на екипажот, а спасувачките служби успеале да спасат двајца членови на екипажот на летот од трупот.
Се уште се истражува точната причина за несреќата, а претставници на противпожарната служба велат дека засега се верува дека авионот, кој летал на неповолни временски услови, се судрил со јато птици и оштетена е опремата за слетување, јавува Би-Би-Си.