Кривична против 12 лица македонски државјани и еден странец за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила

од Nikola Popovski
53 прегледи

На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби од страна на судија за претходна постапка и јавен обвинител заради докажување на кривични дела поврзани со криминал со луксузни моторни возила, извршени се 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, при што се лишени од слобода шест лица: К.С., Н.П., М.С. и Д.И. од Скопје, В.Ц. од Стар Дојран и Н.Г. од Битола. За И.А., Д.М. и Ф.С. од Скопје и А.Т. од Неготино се преземаат мерки и активности за пронаоѓање.

При претресите се пронајдени и одземени четери возила, разновидна службена документација, околу 32.500 евра и разни документи, купопродажни договори, пет германски регистарски таблички, околу 25 грама кокаин, лап топ компјутери, повеќе мемориски уреди, други предмети поврзани со кривичните дела. МВР според претходно одземени 5 ПМВ и сообрани материјални докази ќе поднесе кривична пријава до ОЈО Против 13 лица, од кои двајца се поранешни вработени во МВР, а еден е се уште вработен во МВР, каде во текот на ноќта и утрото лицата се изведени пред судија на претходна постапка.

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.

Меѓу осомничените се две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.

Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција.

Слични содржини