Во пресрет на вториот мандат на Трамп, Ким Џонг-Ун испрати нови закани до САД

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Севернокорејскиот претседател, Ким Џонг-Ун повторно им се закани на САД, само неколку недели пред инаугурацијата на Трамп. На клучната седница на владејачката Работничка партија на Кореја, Ким рече дека САД сметаат дека антикомунизмот е нивна постојана државна политика. Тој исто така додаде дека безбедносната соработка на САД, Јапонија и Јужна Кореја се развива во „нуклеарен воен блок за агресија“, пишува „Мирор“. Поради овие причини, беше одлучено Северна Кореја да ја спроведе најстрогата антиамериканска политика досега.

Доналд Трамп еднаш рече дека тој и Ким Џонг-Ун „се заљубиле еден во друг“, но нивниот однос беше драстично нарушен во 2019 година кога САД почнаа да спроведуваат санкции против Северна Кореја. Оттогаш, Северна Кореја ги зголеми тестирањата на оружје за да развие нуклеарни ракети насочени кон САД и нивните сојузници. Експертите предупредуваат дека тешко е да се очекува обновувањето на односите меѓу Трамп и Ким. Покрај претходните несогласувања, нови проблеми ќе создаде и продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја.

Според проценките на САД, Украина и Јужна Кореја, Северна Кореја досега испратила повеќе од 10.000 војници и системи за конвенционално оружје за поддршка на Москва во нејзината војна против Украина. Поради ова, постои загриженост дека Русија за возврат би можела да и обезбеди на Северна Кореја напредна технологија за оружје, како и да помогне во изградбата на помоќни нуклеарни ракети.

Слични содржини