21
Главниот град на Македонија, Скопје, повторно е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на сајтот за мерење на квалитетот на воздухот „Ај кју аир“.
Според таа специјализирана веб-страница, Скопје пред пладне беше на петтото место на светската листа со индекс на загаденост 172, едно место пред Приштина, која имаше индекс 162.
Следен град во регионот по загаденост на воздухот е Софија, која е рангирана на 11 место на листата, вклучувајќи ги сите светски градови, со индекс 153.
Белград е 28-ми на листата со индекс на загаденост 97.