Пресврт: Тима убиен, поранешната сопруга го нарачала убиството?

од Vladimir Zorba
546 прегледи

Во случајот со смртта на Јанис Тима, која првично беше означена како самоубиство, дојде до неочекуван пресврт. Наводно, полицијата и обвинителството ги истражуваат наводите дека неговото убиство го нарачала неговата поранешна сопруга – Ана Седокова.

Јанис Тима беше пронајден мртов на 17 декември минатата година во Москва. Првично се мислеше дека кошаркарот се самоубил затоа што покрај неговото тело била пронајдена порака на која пишувало „Јави се на Ана“, но и поради деталите дека тој оставил порака на објавата на поранешната сопруга на Инстаграм претходната вечер, во која биле напишани неговиот датум на раѓање и денот кој стана ден на неговата смрт.

Тогаш медиумите пишуваа и дека неговата поранешна сопруга ќе ги плати трошоците за погребот, но неколку дена подоцна стигна информација дека никој не доаѓа да го земе неговото тело од мртовечницата.

Сега порталот Championat.com носи сосема поинаква приказна.

Овој портал тврди дека на телеграм каналот „Маш“ кружи изјавата на Марко Пугачев, пријателот на Тима, кој рекол дека станал сведок во истрагата за убиството на Тима.

„Пријателот на кошаркарот, Марк Пугачев ни кажа дека станал сведок во случајот и дека ќе сведочи против Ана Седокова. Наводно, таа е таа што го организирала и наредила убиството на Тима, а сето тоа поради неговиот имот и станот што го купил за 180 милиони рубљи“, пишува каналот „Маш“.

Слични содржини