Меси ги налути Американците: Ја одби поканата на Бајден за доделување на медал

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Легендарниот играч на Аргентина и Интер Мајами, Лео Меси (37) не се појави на доделувањето на Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во Соединетите Американски Држави, кое претседателот во заминување Џо Бајден сакаше да му го додели. Од таборот на Меси стигна порака дека се почестени, но дека играчот не може да дојде поради претходно договорени обврски.

„Беше смешно и чудно да му се додели на Меси. Ало, ако ти е доделен тој медал, тогаш најди начин да бидеш во ДЦ“, изјави поранешниот американски репрезентативец Алекси Лалас на социјалната мрежа X. Легендата на НБА, Меџик Џонсон и актерот Дензел Вашингтон беа почестени на церемонијата, која Меси ја прескокна.

Многу Американци сега се лути на Аргентинецот затоа што не ја прими наградата што Бајден сакаше да му ја додели, а некои истакнуваат дека не требало да биде награден бидејќи според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња не се преселил во САД до летото 2023. Претходно играше за ПСЖ и Барселона. Освои се што можеше на клупски и репрезентативен план.

Меси дебитираше за првиот тим на Барса пред 21 година, а до 2021 година, кога замина во ПСЖ, стана рекордер на клубот по настапи, голови, асистенции и трофеи. На 778 официјални натпревари постигна 672 гола и асистираше за 303. Освои 35 трофеи, а кога ќе се додадат и оние со репрезентацијата, јасно е дека Меси е најодликуваниот играч во историјата на фудбалот.

Слични содржини