Маск заинтересиран за купување на Ливерпул

од Nikola Popovski
22 прегледи

Таткото на американскиот милијардер Илон Маск, Ерол Маск изјави дека неговиот син е заинтересиран да го купи англискиот фудбалски клуб Ливерпул, пренесе денеска АП.

Ливерпул е во сопственост на Fenway Sports Group (FSG) од 2010 година. Во интервју за „Тајмс ради“о, Ерол Маск изјави дека извршниот директор на Тесла е заинтересиран да го купи Ливерпул.

„О, да, но тоа не значи дека тој го купува. Тој би сакал, секој би го посакал тоа. И јас би, но, не можам да коментирам, ќе ја зголемат цената“, изјавил Ерол Маск.

Челниците на Ливерпул не сакаа да ја коментираат оваа информација. Ливерпул е на првото место на табелата во Премиер лигата со 46 бодови од 19 натпревари.

Слични содржини