21
Италијанската новинарка Сесилија Сала, која беше приведена во Иран од 19 декември, денеска е ослободена и е на пат за Италија, соопштија италијанските власти.
Кабинетот на италијанскиот премиер Џорџa Мелони потврди дека нејзиниот авион полетал од Техеран и треба да слета во Рим денеска околу 15:30 часот, пренесе АП.
Се уште нема официјално соопштение од иранската влада за ослободување на новинарот.