Остин Батлер и Каја Гербер раскинаа по три години врска

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Актерот Остин Батлер (33) и моделот и ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер (23) наводно ја прекинале својата врска. ТМЗ во вторникот објави дека Батлер и Гербер ја завршиле својата тригодишна врска на крајот на 2024 година.

Фановите почнаа да се сомневаат дека нешто не е во ред откако Каја беше видена како одмара во Мексико со своето семејство без Остин. Изворите тврдат дека меѓу нив се е во ред и дека раскинувањето било пријателско. Според нив, на врската едноставно по неколку години природно и дошол крајот. Веста за раскинувањето објаснува зошто Каја не донела партнер на патувањето во Лос Кабос, иако нејзиниот брат, Присли Гербер бил придружуван од неговата девојка Изабела Џонс. На патувањето им се придружиле и нивните родители, Синди Крафорд и Ренди Гербер.

Остин и Каја првпат беа поврзани во декември 2021 година, кога Остин беше виден како разговара со родителите на Каја на модна ревија каде што таа настапуваше. Двојката тогаш често беше видена заедно за време на празниците, а нивната врска ја потврдија прославувајќи го заедно Денот на вљубените во февруари 2022 година.

Својот прв значаен јавен настап го имаа во март 2022 година на забавата за Оскар на списанието W, додека дебитираа на црвениот тепих во мај истата година на Мет Гала во Њујорк. Иако искажуваа наклонетост еден кон друг, тие најчесто ја држеа својата врска подалеку од очите на јавноста и ретко зборуваа за тоа во медиумите.

Пред врската со Остин, Каја беше во едногодишна врска со ѕвездата на „Еуфорија“, Џејкоб Елорди, додека накратко се забавуваше со Пит Дејвидсон кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година. Пред Каја, Остин беше во деветгодишна врска со Ванеса Хаџенс, која заврши во 2020 година. После тоа, тој, наводно, бил во кратка врска со неговата колешка од Елвис, Оливија Де Јонг, и бил виден со Лили-Роуз Деп во август 2021 година.

Слични содржини