Претседателот на ФФФ одби да коментира дали Зидан ќе го наследи Дешан

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) Филип Диало одби да влезе во дебата за тоа дали Зинедин Зидан ќе го наследи националниот селектор Дидие Дешан кога ќе се повлече од функцијата во 2026 година по Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Дешан претходно денеска потврди дека нема да бара продолжување на договорот и планира да ги заврши обврските со тимот следната година. Зидан, кој во минатото постојано беше поврзуван со оваа позиција, важи за фаворит за негов наследник.

Самиот Зинедин Зидан изјави дека би сакал да биде селектор на француската репрезентација.

„Нема да влегувам во дискусии за Зидан. Дидие има двегодишен договор и поради почит кон него, неговиот тим и играчите, прашањето за неговиот наследник нема да биде поставено денеска“, изјави Диало за францускиот весник „Л’Екип“.

Слични содржини