Карлос: Не сум бездомник, луѓето пишуваат секакви работи за кликови

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Роберто Карлос преку социјалните мрежи ги демантираше гласините дека спиел на стадион.

Пред неколку дена се појавија вести дека тој наводно се преселил во спортските објекти на Реал Мадрид по разводот со Маријана Лукон, според Естадио Депортиво. Тој напиша објава на Твитер во која се осврна на ваквите наводи.

„Последниве денови се шират штетни и лажни приказни за мене и моето семејство. Ја ценам мојата приватност, но морам да ги демантирам лудите гласини за тоа каде живеам. Овие фабрикувани приказни постојат само за да генерираат лавина кликови и читатели. Моментално живеам во стан со членовите на моето семејство. Моите адвокати ги проверуваат гореспоменатите наводи и лаги и можно е да покренеме тужба. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност“, напиша легендарниот Бразилец.

Бразилецот, татко на најмалку 11 деца со седум жени, се соочува со комплициран развод по повеќе од 15 години брак. Тој е во брак со Лукон од 2009 година, а се очекува разводот да биде комплициран поради богатството на поранешниот играч, кое се проценува на околу 160 милиони долари.

Денеска 51-годишниот Роберто Карлос работи како амбасадор на Реал Мадрид. Имаше кратка и не многу успешна тренерска кариера во Турција. Тој ги водеше Сиваспор и Акисарспор. Тој во својата играчка кариера помина 11 години во Реал Мадрид, за кој постигна 70 гола. Тој е еден од најдобрите леви бекови во историјата.

Слични содржини