Капитенот на Баерн мета на Ливерпул

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Раководството на Ливерпул повторно ја разгледува можноста да го ангажира Џошуа Кимих, тврди главниот уредник на фудбалскиот оддел на „Билд“ Кристијан Фалк.

Договорот на 29-годишниот германски репрезентативец истекува на крајот од актуелната сезона и иако Баерн Минхен се обидува да го продолжи неговиот договор, засега нема знаци дека тоа ќе се случи. За него интерес покажуваат и други клубови, меѓу кои Манчестер Сити, Барселона и Пари Сен Жермен.

Самиот Кимих на почетокот на декември изјави дека нема да чека до самиот крај на сезоната за да објави дали ќе остане во Баерн или ќе замине. Тој вети дека ќе донесе одлука во јануари.

Кимих наскоро ќе наполни 30 години, што не се вклопува во политиката на Ливерпул за привлекување нови играчи, но искуството, неговата сестраност и можноста да биде привлечен како слободен играч се доволни аргументи за искористување на шансата.

Слични содржини