Трамп го менува својот пристап кон војната, ова може да биде добра вест за Украина

од Milan1
183 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи своето предизборно ветување „да стави крај на војната во Украина за 24 часа“ за шест месеци, што европските партнери го протолкуваа како знак дека неговата администрација нема веднаш да се откаже од поддршката за Киев.

Двајца европски функционери за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека при разговорите со тимот на Трамп во последните недели откриле дека се уште не е одлучено како да го решат конфликтот и дека поддршката за Украина ќе продолжи по инаугурацијата на новиот американски претседател на 20 јануари.

„Целиот тим на Трамп е опседнат со моќ и проекција на моќ, па тие го менуваат својот пристап кон Украина“, изјави еден висок функционер за ФТ.

Тие сакаат да ја избегнат катастрофата што ја создадоа во Авганистан.
Новата администрација, исто така, беше претпазлива во однос на споредбите со катастрофалното американско повлекување на Џо Бајден од Авганистан, нешто што кампот на Трамп не би сакал да се повтори во Украина, додаде официјалниот претставник.

Трамп претходно оваа недела посочи дека „шест месеци“ е пореална цел за завршување на војната. Неговиот специјален пратеник за војната во Украина, Кит Келог, вчера изјави за „Фокс њуз“ дека целта е да се стави крај на конфликтот за „100 дена“.

„Кога Би сакал да поставам цел на лично и професионално ниво, би ја поставил на 100 дена“, изјави Келог за „Фокс њуз“„ на прашањето за мировниот договор. „Треба да најдеме начин да го направиме ова во блиска иднина, за да се увериме дека решението е цврсто и одржливо и дека оваа војна ќе заврши, се со цел да се запре масакрот.

Што му порачува Европа на Трамп?

Европските лидери и функционери му тврдеа на тимот на Трамп дека е потребна континуирана американска воена помош за да се стави Киев во посилна позиција за мировни преговори, што би помогнало Москва да се доведе на преговарачка маса, речиси три години откако таа започна сеопфатна инвазија на Украина. .

Француските власти минатиот месец изјавија дека зајакнувањето на позицијата на Украина на бојното поле значи запирање на напредувањето на Русија на истокот на земјата, бидејќи нема да има преговори доколку Москва сè уште окупира територија.

Иако европските држави, исто така, придонесоа со оружје и значителна финансиска помош за Киев, континуираната американска воена поддршка е од клучно значење за опстанокот на Украина.

Мелони се сретна со Трамп,вели Америка нема да ја напушти Украина

Италијанскиата премиерка Џорџија Мелони, која минатата недела се сретна со Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго, ја отфрли можноста Вашингтон да ја „остави“ Украина.

„Не предвидувам американско повлекување“, рече таа на денешната прес-конференција, додавајќи дека Трамп се покажал способен да користи дипломатија во комбинација со одвраќање. „Во однос на мирот, Трамп можеби е некој што се движи кон решение, но мислам дека тоа не значи напуштање на Украина“, рече Мелони.

Мелони рече дека Украина ќе треба да добие конкретни безбедносни гаранции како дел од секој потенцијален дипломатски договор за ставање крај на активниот конфликт.


„Безбедносните гаранции се клучни“

„Безбедносните гаранции се основни ако навистина сакаме мир во Украина“, рече таа. „Сите знаеме дека Русија ги прекрши договорите што ги потпиша во минатото. Без безбедносни гаранции, не можеме да бидеме сигурни дека тоа нема да се повтори, доаде Мелони.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обиде да го убеди Вашингтон и другите сојузници на НАТО да ги зајакнат тие безбедносни гаранции во одредена временска рамка со цел неговата земја да се приклучи на одбранбената алијанса предводена од САД. Но, и Бајден и Трамп сигнализираа неподготвеност да поддржат таков потег, како и некои европски лидери, вклучително и германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, сугерираше дека европските сили би можеле да бидат распоредени во Украина за да се осигура дека Русија нема повторно да нападне, но таа идеја исто така нема едногласна поддршка во Европа.

Рускиот претседател Владимир Путин би го „поздравил“ секој пристап од Трамп и е подготвен за „дијалог“ со САД, соопшти денеска Кремљ.

Главната цел на Путин во сите досегашни разговори беше да создаде нови безбедносни договори кои ќе гарантираат дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО и дека воената алијанса предводена од САД ќе се повлече од некои мисии во источна Европа, тврди висок функционер на Кремљ и уште еден друг извор, лице кое за ова има разговарано со Владимир Путин

„Светот се менува, се може да се случи“

„Тој сака да ги промени правилата на меѓународниот поредок за да нема закани за Русија. Тој е многу загрижен за тоа како ќе изгледа светот по војната“, изјави поранешен висок функционер на Кремљ. „Трамп и онака сака да се повлече од НАТО, светот се менува, се може да се случи.

Западните претставници, вклучително и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обидоа да ја нагласат важноста Трамп да обезбеди „мир преку сила“ во Украина и да избегне пораз за Киев што ќе ги охрабри Путин и неговите сојузници во Кина, Иран и Северна Кореја.

„Не можеме да имаме ситуација да Ким Џонг-ун, Владимир Путин и Кси Џинпинг слават затоа што постигнавме договор што не е добар за Украина, долгорочно тоа ќе биде ужасна безбедносна закана не само за Европа, туку и за САД“, рече Руте минатиот месец за ФТ.

Слични содржини