Пожарите кои беснеат на повеќе локации во Лос Анџелес ја опустошија областа. Сите спортски настани беа одложени вечерва, Лос Анџелес Лејкерс и Шарлот Хорнетс не играа во НБА, а еден од оние кои го загубија домот во пожарот е тренерот на Лејкерси – Џеј Џеј Редик.
Домот на тренерот на Лејкерси е еден од 5.300-те што беа уништени од пожарот во последните денови. Како што објави Шамс Чарнија, Редик потврдил дека неговото семејство било принудено да го напушти својот изнајмен дом во Пацифик Палисадес и е на безбедно.
Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, го загуби домот во кој порасна во Палисадес.
„Бев кај мајка ми пред две недели, го прославивме нејзиниот 90-ти роденден. Лос Анџелес е мојот роден град. Речиси сите мои пријатели кои се од таму ги загубија своите домови, семејни домови, нашето средно училиште го нема. Градот изгледа како да е избришано од лицето на земјата. Тоа е надреална слика, поразителна, но за среќа, речиси сите беа евакуирани на време. Сега го гледам уништен, уништен. Сето ова ми е несфатливо“, рече Стив Кер.
Ѕвездата на Клиперс, Каваи Ленард го напушти тимот по натпреварот против Денвер за да се увери дека неговото семејство е безбедно и добро во Палисадес.
Пожарот, кој се прошири на 60 квадратни километри, уништи 5.316 згради и евакуираше 180.000 луѓе.