Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани зборуваше за медиумите во пресрет на утрешното гостување против Борусија Менхенгладбах во продолжението на Бундеслигата.
Белгискиот тренер најпрвин ја прокоментира голманската ситуација и отсуството на Џамал Мусиала: „Се врати Мануел Ноер. Да не знаев дека е повреден, немаше да забележам, неговата улога не се менува, тој е важна фигура. Кога ќе игра и кога не игра. Даниел Перец ќе биде надвор од терените неколку недели, не знаеме точно колку време ќе се врати до крајот на овој месец или на почетокот на следниот месец. Во моментов на линија е и Улрих.
Џамал Мусиала е болен, тој е еден од играчите кои не можат така лесно да се заменат. Сепак, тоа не значи дека немаме план за утре, а ќе се врати многу брзо. Нормално е што сите наши играчи не се секогаш на располагање. Сане играше многу во последните недели, тој тоа го заслужува. Кристоф Фројнд и Макс Еберле се одговорни за долгорочните работи со него, за мене настапот е единственото нешто што е важно“.
Компани продолжи: „За прв пат по 17 години не морав да се подготвувам за меч на Боксинг деј, ми беше убаво да бидам со моето семејство. Во текот на првата полусезона бевме доминантни на теренот, но и загубивме натпревари. Постапивме добро, но има работи што можеме да ги подобриме, се враќам тука на натпреварот со Барселона. После тоа реакцијата на клубот беше каква што требаше.
Сега почнува вториот дел од полусезоната – потоа ќе се доделуваат трофеите. Сакам да видам тим кој сака да продолжи да се подобрува. Сакаме да дозволиме уште помалку удари кон голот, сакаме да постигнеме уште повеќе голови. Тоа е прашање на менталитет. Сакаме и да ги одржуваме сите играчи во форма. Но, сега сме концентрирани на она што е важно: победа на следниот натпревар. За Баерн секогаш е јасно: без разлика каде играме и колку е силен противникот, секогаш сакаме да победуваме“.
На прес-конференцијата беше и спортскиот директор Макс Еберле кој ги коментираше преговорите со некои од играчите за нови договори: „Благодарни сме што толку многу луѓе размислуваат за нашите преговори за нови договори. Честопати сум велел дека нашите разговори се исклучително со почит и разговараме за се меѓу нас.
Не е тајна дека разговараме со агентите на играчите на кои им истекуваат договорите. Имаме натпревар во сабота, па исклучувам нешто да се случи оваа недела. Она што сите се согласивме е дека нема да преминеме во фаза со важните натпревари без одлука. Сите се заинтересирани да има успешна втора полусезона со Баерн (Минхен). Се трудиме да ги израдуваме сите страни.
Томас Милер? Тој е фигура која се поистоветува со Баерн и ќе остане таков, со овој клуб доживеа се. Тој е исклучително важен за нас. Разговорите со Томас секако ќе бидат многу кратки. Нема да има долги преговори. Прашање е само „Еј, дали сè уште сакаш да продолжиш или не?“ – и како изгледаат твоите планови? Но, тоа е уште многу далеку“.