16
Околу 4.000 демонстранти протестираа денеска пред Уставниот суд во Букурешт поради поништувањето на резултатите од декемвриските претседателски избори, на кои во првиот круг победи независниот кандидат Калин Ѓорѓеску.
Демонстрантите носеа транспаренти, икони и лажен ковчег на кој пишуваше „демократија“, пренесe Ројтерс.
Претходно, владејачката коалиција, составена од Социјалдемократската партија (ПСД), Национал-либералната партија (НЛП), Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (УДМР) и претставниците на националните малцинства, одлучи да одржи претседателски избори на 4-ти мај и, доколку е потребно, втор круг на гласање на 18 мај.