Британија пред енергетска криза: Во резервите има гас за само неколку дена

од Илинка Илиоска
16 прегледи

Kомпанијата Центрика (Centrica), која управува со најголемиот магацин на гас во Британија, соопшти дека нивото на складиран гас во земјата се „загрижувачки ниско”, со оглед на тоа дека во магацините има количина гас која поради ладниот бран, би можела да ја задоволи потрошувачката на земјата за помалку од недела дена.

„Од 9 јануари, резервите на гас во магацините во Велика Британија се за 26 проценти помали во споредба со ланското нивото, што значи дека магацините се наполнети до половина. Ова значи дека Британија има гас кој е доволен за помалку од недела дена”, соопшти компанијата, пренесува Ројтерс.

Британија во голема мера се потпира на гас за греење на домаќинствата, а исто така користи значителна количина гас за производство на електрична енергија.

Складиштето на гас “Rough”, кое се наоѓа на истокот на Англија и кое сочинува околу половина од капацитетот за складирање гас во земјата, престанало да складира гас во 2017. година, но повторно било отворено во 2022. година со понизок капацитет поради глобалната енергетска криза која започна со војната во Украина.

Компанијата Центрика соопшти дека би можела да инвестира 2,46 милијарди долари во модернизација на овој објект до максимален капацитет, но дека бара поддршка од владата за да биде исплатливо.

Слични содржини