Кејн откри зошто не е среќен

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Хари Кејн е убеден дека ќе може да освојува тимски трофеи во текот на неговата кариера. Напаѓачот на Баерн Минхен и Англија се уште нема освоено ниту една титула во тимот.

„Вистина е дека имам индивидуални награди за најдобар стрелец и најдобар играч. Ја започнувам секоја сезона со цел да освојам трофеј и не сум среќен што не освојувам тимски трофеи. Не ме радува овој факт, но имам само 31 година.

Мислам дека најдобрата верзија на Хари Кејн допрва доаѓа. Убеден сум во тоа, како што сум и во фактот дека вториот дел од мојата кариера, кој започнува сега, ќе биде богат со големи трофеи.

И кога ќе ги закачам копачките, недостигот на титули повеќе нема да биде тема на разговор“, изјави Кејн за „Франс Фудбал“.

Слични содржини