Здравјето на срцето може да зависи од мали, но значајни промени во вашата исхрана. Една од овие промени би можело да биде воведувањето на лешници, едноставна и достапна храна со изненадувачки големо влијание врз кардиоваскуларното здравје.
„Лешниците се одличен избор за здравјето на срцето бидејќи можат значително да го намалат ризикот од болести“, вели нутриционистот Др. Ема Пател. Таа истакна дека лешниците се полни со хранливи материи кои ја поддржуваат работата на срцето. „Лешниците не само што се вкусни, туку се и разноврсни. Тие лесно се одгледуваат дома, што ги прави одржлив и практичен додаток на секоја здрава исхрана“, изјави таа за Дејли експрес.
Таа додава дека, според истражувањата, дневната потрошувачка од 25 грама лешници го намалува нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) за 12 отсто за само четири недели. Ова намалување може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 30 проценти во текот на една година. Лешниците содржат здрави масти, антиоксиданси и магнезиум кои ги штитат артериите, го намалуваат воспалението и го регулираат крвниот притисок.
Покрај здравствените придобивки, лешниците се и еколошки прифатливи.
Значи, воведувањето на лешници во вашата исхрана е лесен начин за подобрување на здравјето на срцето, особено во свет каде што срцевите заболувања одземаат милиони животи годишно. Покрај медицинските решенија, промените во исхраната можат да бидат клучен чекор кон подобро здравје.