Наполи ќе остане без Кварацхелија, но се обидува да го доведе Гарначо од Јунајтед

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Наполи во овој преоден рок би требало да биде без својата најголема ѕвезда Хвича Кварацхелија, но веќе подготвиле замена за него.

Кварацхелија одлучи да се пресели во ПСЖ и трансферот вреден 80 милиони евра треба да биде официјализиран во наредните денови.

Според познатиот италијански новинар Танкреди Палмери, Наполи е подготвен да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за Алехандро Гарначо.

Наполи веќе стапил во контакт со агентот на Гарначо со цел да се договорат условите за договорот, а Наполи е подготвен да му понуди на Јунајтед 50 милиони евра.

Дваесетгодишниот Гарначо оваа сезона забележа 29 настапи за Јунајтед во сите натпреварувања и постигна осум гола.

Сепак, со оглед на тоа што Јунајтед не може да му гарантира место во стартниот состав, додека Наполи може, нема да биде изненадување ако наскоро го видиме во дресот на клубот од јужна Италија.

Слични содржини