Интервјуто на Новак Ѓоковиќ за американскиот магазин GQ привлече големо внимание во јавноста.
Најдобриот тенисер во историјата зборуваше за многу теми, а особено интересен беше делот во кој зборуваше за неговиот однос со поранешните југословенски републики.
Новак рече дека е пацифист кон сите луѓе и народи во регионот, но свесен е дека не размислуваат сите така.
„Кога јавно навивав за Хрватска за време на Светското првенство во 2018 година, многумина во мојата земја, дури и највисоките владини претставници, ме критикуваа“.
Ѓоковиќ има јасно објаснување за својот став.
„Но, за мене тоа е прилично едноставно. Прво, имам семејство во Хрватска. Второ, така се чувствувам во моето срце. Како да навивам за некој што е подалеку од мене отколку за некој што ми е сосед и со кој не само што имам семејни врски, туку и многу сличности“, заклучил Ѓоковиќ.