Денеска откриваме уште еден неприфатлив чин од страна на државна институција – Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба, реагираат од ДУИ.
Во неговите нови документи, албанскиот јазик е целосно избришан, со што се прекршуваат сите законски и уставни норми што гарантираат употреба на двата службени јазици.
Овој чин не е техничка грешка – тоа е намерен акт и флагрантно кршење на јазичната еднаквост.
Ова не е прв, а за жал, нема да биде ни последен случај.
Станува збор за систематски обид за деградирање на политичко-правниот статус на Албанците, постигнат со Охридскиот договор.
Тие што молчат пред оваа неправда се подеднакво виновни како и тие што ја спроведуваат оваа дискриминаторска политика.
Ние нема да молчиме!
Албанците ќе реагираат жестоко за еднаквост, правда и заштита на институционалното достоинство!
Вреди се претворија во инструмент за газење на вредностите на еднаквоста и правдата.
Народот и историјата ќе им го дадат заслужениот суд.
Овој режим има објавено отворен напад против статусот на Албанците и се обидува со сите сили да направи ревизија на Охридскиот договор.
Никаков обид да не направат граѓани од втор ред нема да помине!
Еднаквоста не е предмет на преговарање – тоа е неотуѓиво право што ќе се заштити, велат од ДУИ.