Филипче: Победата на Милановиќ е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности

од Nikola Popovski
30 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата победа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска. Според Филипче, победата на старо-новиот претседател е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности.

-Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани.

Ти посакувам успешен мандат, Зоране, и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји, порача лидерот на СДСМ.

Актуелниот хрватски претседател поддржан од опозициската СДП победи во вториот изборен круг на претседателските избори во земјата. Со убедлива разлика од над 49 насто гласови наспроти својот ривал Драган Приморац, успеа да обезбеди нов петгодишен мандат како шеф на државата. Во победничкиот говор побара од власта гласот на народот да биде слушнат. Неговиот противник, кандидатот на владејачката ХДЗ Приморац, пак, го прифати поразот, но не му ја честиташе победата на Милановиќ.

„Подадената рака е моја должност кон оние кои ја имаат извршната власт. Затоа, Владата е најодговорна! Барам од владата да го слушне ова што го кажаа граѓаните денеска. Ова не е поддршка за мене. Ќе се држам до Уставот, тоа е мојата агенда и со тоа се согласуваат 75 насто од гласачите. Уште еднаш барам од владата да го слушне ова“, рече Милановиќ.

„Колку што можев, дадов се од себе. Понудив визија за подобра, поинаква, горда Хрватска. Свесен сум дека некои не ја избраа програмата или визијата, имаа други причини, но тоа е право на демократијата. Во мојата агенда сакав да испратам јасна порака дека Хрватска заслужува и може подобро“, изјави Драган Приморац, претседателски кандидат на ХДЗ.

Слични содржини