Познато зошто Гвардиола се разведува по 30 години брак!

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Фудбалскиот свет беше изненаден од веста во понеделникот дека Пеп Гвардиола се разведува од сопругата Кристина Сера, по 30 години брак. Сега шпанските медиуми открија што се крие зад сето тоа.

Манчестер Сити се справува ужасно во последните неколку месеци, а сега работите се можеби многу појасни.

Пеп Гвардиола, тренерот на Граѓаните, по 30 години се разведува од својата девојка Кристина Сера. Многумина ова го видоа како причина за лошите резултати на Сити неодамна.

Двојката, која се запозна во 1994 година, живееше одвоено повеќе од пет години откако Сера се врати во Барселона со една од нивните три ќерки, Валентина (17), додека Гвардиола остана во Англија поради работа. Заедно имаат уште две деца, Марија (24) и Мариус (22).

Како што пренесува шпански „Релево“, токму тоа е причината за нивниот развод.

Сè започна во 2019 година, кога Кристина го напушти Манчестер и се врати во Барселона со својата најмлада ќерка, каде што има компанија фокусирана на светот на модата. Таа живееше помеѓу Барселона – Лондон – Манчестер, а Пеп во последните години се почесто доаѓаше во Шпанија. Иако се обиделе да го одржат својот брак, на крајот сфатиле дека тоа навистина не е возможно.

Релево истакнува дека двајцата имале разговор, по што заклучиле дека работите веќе не функционираат и дека не можат повеќе да живеат со такво темпо, па најдобро е да се разведат. Како што исто така беше наведено, тие се разделиле во добри односи.

Сепак, јасно е дека целата ситуација се одрази на Пеп, а останува да се види дали ќе успее да ја спаси сезоната на Манчестер Сити, која во моментов не изгледа баш најдобро.

Слични содржини